Сочувство од ДОМ по повод упокојувањето на митрополитот Кирил

Од:

Демократската обнова на Македонија испрати телеграма со сочувство до архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан по повод упокојувањето на митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.

– Владиката Кирил ќе остане забележан во аналите на Македонската православна црква како еден од нејзините реформатори и борец за нејзино возобновување. Пред половина век, во сосема поинакви општествено-политички собитија, тој како вистински интелектуалец, имаше доблест да ја види иднината не само на Светата МПЦ туку и на Македонија како држава.

Неговото визионерско дело е вткаено во самата основа на нашата државност и суверенитетот на Република Македонија, што го направи вистински духовен водач и човек од висок авторитет. Затоа неговото заминување во вечноста е загуба не само за МПЦ – Охридска архиепископија и православните верници, туку и за Република Македонија и за секој нејзин граѓанин, се вели во телеграмата од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски