Еден ден по силниот земјотрес што ја погоди централна Грција со магнитуда од 6,3 степени почнаа проценките на направената штета. Жителите на Дамаси и Месохори, оддалечени одколу 240 километри од Атина, ја минаа ноќта под отворено небо додека службите за цивилна заштита поставуваат шатори на локалниот стадион со цел да обезбедат привремено засолнување.
За настраданите од земјотресот се отворени и пет хотели во градот Трикала, главен град на регионот Лариса. Афтер-шокови, од кои дел беа со јачина поголема од пет степени, го тресеа подрачјето околу главниот потрес вчера попладне по локално време. Според гувернерот на регионот, најмалку сто куќи и други објекти, меѓу кои и цркви, се оштетени во земјотресот.