Американскиот Конгрес откажа седница по предупредување за можен планиран напад

Од:

Американска милитантна група, веројатно инспирирана со теоријата на заговор на КуАнон, за денеска планирала напад врз американскиот Конгрес, покажале полициски разузнавачки проценки, по што Претставничкиот дом ги откажа седниците поради безбедносни причини.

Безбедносната проценка, која обезбедувањето на Конгресот вчера ја доставил до пратениците, не ја идентификува групата, но времето на наводниот напад го сугерира нејзиниот идентитет.

Денеска, на 4 март, е денот на кој Доналд Трамп, според следбениците на заговорот на КуАнон, требаше да се врати на претседателската функција.

Полицијата во Вашингтон од вчера го зајакна обезбедувањето околу зградата на Конгресот.

– Сериозно ги сфативме тие разузнавачки податоци, но поради нивната чувствителност не можеме да откриеме повеќе детали, соопшти вчера полициското обезбедување на Капитол Хил.

Како што се наведува во соопштението, „зајакнато е обезбедувањето на Конгресот и со физички блокади и со човечко присуство, а полицијата соработува со локалните, државните и федералните партнери со цел да спречи каква било закана“.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“