Палестински невладини организации побараа власта да објасни по кои критериуми се вакцинирани против Ковид-19 високи функционери, фудбалери и други познати личности.
Досега палестинските власти набавија само 6.000 дози вакцини за речиси петмилионското население и најавуваа дека приоритет за вакцинирање ќе имаат здравствените работници и повозрасните лица.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека обезбеддили уште десетина илјади дози преку програмата на Светска здравствена организација за помош на сиромашните земји.
Во меѓувреме, Израел донираше 2.000 дози вакцини на Модерна за Палестинската управа, која набави уште 10.000 дози вакцини Спутник V.
Вакцинирани се и 85-годишниот палестински претседател Махмуд Абас и премиерот Махмуд Штајех, како и високи членови на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) постари од 65 години и јавни службеници кои се подготвуваат за изборите закажани во мај.
Вакцинирани се и фудбалерите на палестинската репрезентација, како и студентите кои студираат во странство.
Во палестинските територии од почетокот на пандемијата регистирани се околу 190.000 заразени со Ковид-19 и над 2.000 смртни случаи. Палестинската управа неделава воведе нови рестриктивни мерки поради зголемениот број на новозаразени лица.