Народниот правобранител ги информира граѓаните дека активно ќе го следи процесот на спроведување на Пописот 2021 година, за целиот период на неговото времетраење и тоа од 1 март до 21 април.
За таа цел, како што информираат од канцеларијата на Народниот правобранител, секој граѓанин кој смета дека му е прекршено некое право може да поднесе претставка по електронски пат на адресата [email protected]
Народниот правобранител по поднесената претставка ќе ја спроведе потребната постапка и за исходот ќе го информира подносителот.