Сообраќајот на патот Кичево-Охрид утре 15 до 20 минути во прекин

Од:

Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани утре меѓу 12 и 15 часот ќе биде 15 до 20 минути во прекин поради изведување градежни работи на пат (минирање), соопшти Автомото сојузот.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патиштата се одвива непречено по суви коловози.

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата без оглед на моменталната временска состојба ќе трае до 15 март, посочуваат од АМСМ и препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска