За Русија е важно да биде информирана дали партнерите сакаат со идејата за свикување на конференцијата за Сирија, Женева-2, да докажат нејзина бесперспективност и да укажат за неопходност од странска интервенција, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој зборуваше на прес конференција во Рио де Жанеиро по средбата со бразилскиот колега Антониу Патриота.
– Ние треба да дознаеме дали работиме за мирно решавање или самата идеја на конференцијата била да се овозможи странска интервенција, изјави Лавров.
Тој додаде дека ќе продолжат со консултации со американската страна.
– Ќе бараме чиста сметка за заедничките прашања, нагласи Лавров.