Градежни активности на патот Брадиновци-Младо Нагоричане

Од:

Во тек се градежни активности на патот Брадиновци-Младо Нагоричане, Општина Старо Нагоричане. Патот во должина од 650 метри се проширува, тампонира и асфалтира.

– Младо Нагоричане е најголемо по површина и брои најголем број жители во општина Старо Нагоричане. Со асфалтирање на повеќе локални патишта во општината придонесуваме во подобрување на секојдневниот живот на населението и подобрување на условите за живот во селските средини. Еден од врвните приоритети на локалната самоуправа е поврзување на што поголем број жители на руралните средини со асфалтни патишта, со што значително ќе се подобрат условите за живот, информираат од општината.

Општина Старо Нагоричане аплицираше за проектот преку Центарот за развој на североисточен плански регион, а финансиите се обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој.

Градежните работи ги изведува ДПТУ „Стоименов“ дооел Кочани под надзор на Друштво за архитектонски дејности, надзор и инженеринг МБМ „Архитекти“ дооел, Скопје.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска