„Ковакс“ за „А1он“: Првите дози вакцини ги даваме на владите кои тесно соработуваат со нас

Од:

Гави, односно Глобалната алијанса за вакцинации, како и Светската здравствена организација, се дел од платформата која има за цел да го забрза развојот и производството на вакцината против Ковид-19 и да гарантира фер и рамномерна распределба низ целиот свет.

Прашање е колку тоа се врши рамномерно, односно дали секоја земја има еднакви можности да дојде до вакцината против Ковид-19 преку таканаречениот Ковакс – механизам.

„А1он“ се обрати до овие организации, со прашање зошто во Македонија се уште немаат пристигнато вакцините преку Ковакс. Вчера беше објавена листата на 142 држави кои очекуваат вакцини, меѓу кои е и Македонија, но не е објавена прецизна временска рамка за тоа кога би пристигнале истите.

Првично, во Македонија се очекуваа вакцините на „Фајзер“, а подоцна беше наведено дека во март ќе пристигат вакцините на „Астразенека“. Од вчерашниот состанок на членките на Ковакс-механизмот, можеше да се заклучи дека предност во моментов им е дадена на африканските држави.

„За да бидат доставени дозите до учесниците во овој прв круг на распределба, мора да има задоволување на неколку критични инстанци, вклучително и потврда на националните регулаторни критериуми за овластување поврзани со испорачаните вакцини, договори за обештетување (за сите учесници со соодветните производители), национални планови за вакцинација од учесниците и други логистички фактори како што се лиценци за извоз и увоз. Ние сме во близок контакт со секоја од учесничките во COVAX во врска со дистрибуцијата на вакцините COVID-19. Како што секоја економија ги финализира подготовките за подготвеност, така COVAX издава налози за набавки од производителите и ги доставува дозите преку повторлив процес. Ова значи дека од минатата недела, испораките за оваа прва рунда на распределба се одвиваат секојдневно и во соодвентни транши“, одговорија од Секторот за односи јавност при Ковакс-механизмот за „А1он“.

Оттаму додаваат дека „првите дози вакцини им биле дадени на владите од земјите кои тесно соработуваат со партнерите во Ковакс и со производителите на вакцини“.

Што се однесува до вакцината „Фајзер“, од Гави информираат дека на располагање се само ограничени количини дози.

„За економиите на кои им се доделени вакцините Pfizer-BioNTech, врз основа на ограничената количина дози на располагање, конечното снабдување со овие дози е предмет на преговори и извршување на дополнителни договори; потребна е потврда за прифаќање и спроведливост на барањата за ракување со производи; потврда за подготвеноста на земјата и потврда од СЗО ЕУЛ (очекувана горна граница) за регулаторно прифаќање од страна на економиите учеснички“, велат од Гави.

Испораките на првите дози вакцини преку Ковакс започнаа во Индија, Гана и Брегот на Слоновата Коска, а вчера и во Нигерија.

Македонија досега има добиено единствено вакцини од „Фајзер“ како донација од Србија, доволни да се вакцинираат над 4 илјади здравствени работници. Кина го врати уплатениот аванс за вакцини на македонската влада за 200.000 дози, а во меѓувреме течат преговори за руската вакцина „Спутник“ за 100.000 дози. Од Ковакс механизмот, според објавената табела, Македонија би добила 100.800 вакцини „Астразенека“, која според досегашните направени анкети, би ја примиле мал број граѓани.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

КОВАКС бара 5,2 милијарди долари за продолжување на програмата

А1он