Бесими: До крајот на март првичниот драфт на Царинскиот тарифник, а идната недела драфтот за даночниот календар

Од:

До крајот на март треба да излезе првичниот драфт на Царинскиот тарифник со одредени усогласувања на царинските стапки како што барааа компаниите, а драфтот за даночниот календар може да се очекува следната недела, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими на работната средба во Стопанската комора на Македонија.

Бесими нагласи дека земјава ќе треба да ги има во целост усогласено царинските стапки со оние на ЕУ кога ќе стане нејзина членка, но сепак ќе гледа и сега, во соработка со коморите, да дизјанира најсоодветен пакет.

-На 17 ноември на владина седница се формира работна група која е во постојана комуникација и со членки на коморите. Според динамиката, би требало до крај на март или евентуално една до две недели подоцна да има првичен драфт. Одиме со усогласување на номенклатурата, но и со тоа што беше барање на одредени инвеститори во однос на усогласување на царинските стапки. Имаме некои царински стапки кои се пониски или повисоки од оние во ЕУ. Ќе гледаме, во смисла на зголемување на конкурентноста, да ги усогласиме, напомена Бесими.

За драфтот за даночниот каледнар потсети дека е веќе споделен со стопанските комори.

-Ако се усогласи, веќе наредната недела може да го има објавено на веб страницата, истакна министерот.

На работната средба се дискутираа повеќе прашања битни за стопанството.

Како што потенцира претседателот на Комората, Бранко Азески, во моментов се клучни промената на Царинскиот законик, парафискалните давачки и прашањето за холдингот кои десетина години беа табуа.

-Ние мандатот на оваа Влада го почнавме со лош резултат за нас и ние на секоја средба со Бесими го гледаме тој резултат. Од поднесените барања 50 отсто беа одбиени, а 10 отсто беа прифатени, но имаше појадок како утешна награда. Сега, на последната средба, немаше појадок, имаше дамо кисела вода, но барањата во однос на прифаќањето се 50:50, рече Азески.

Претходно, пред почетокот на дискусијата, вицепремиерот Фатмир Битиќи нагласи дека Владата продолжува со своето транспарентно работење и отворање на сите прашања, независно колку се „болни“ и тешки, а коморите ги гледа како нејзини партнери и како чинители во креирањето на политиките.

-Само со ваков пристап, преку партнерски односи и дијалог, можеме да постигнеме предвидливо деловно опкружување. Најважно е дека не постои табу, нема теми кои не можат да се отворат независно дали тоа бара еден, два, пет дена или илјадници состаноци. Мора да се седне, да се разговара за се и да се најдат решенија. Ги отворамае прашањата кои можеби повеќе од 10 години не беа отворени. Власта е отвроена за сите прашања, а Министерството за финансии брзо реагира и носи законски решенија, подвлече Битиќи.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска