Светски ден против злоупотребата на детскиот труд

Од:

Под мотото „Да ставиме крај на злоупотребата на детскиот труд во домаќинствата“ денеска во Македонија се одбележува 12 јуни – Светскиот ден против злоупотребата на детскиот труд.

Целта е да се подигне свеста и да се потенцира маката на 15,5 милиони деца низ светот – домашни работници што е повеќе од четири проценти од сите деца чиј труд се злоупотребува.

Во Република Македонија, според оценката на Првата детска амбасада „Меѓаши“, состојбата со злоупотребата на детскиот труд се уште е алармантна, иако државата е потписник на Конвенцијата против најлошите форми на злоупотреба на детскиот труд. Актуелен е проблемот со децата на улица чија бројка, според истражувањата спроведени од страна на Министерството за труд и социјална политика, е во постојан пораст и изнесува околу 2.000. Една од причините поради која децата се злоупотребуваат е и сиромаштијата поради која тие го напуштаат училиштето и почнуваат да питаат и собираат пластични шишиња помагајќи му на тој начин на семејството.

Злоупотребата на детскиот труд не значи само физичка работа, туку и комерцијална и сексуална злоупотреба, како и трговија со деца и деца војници. Во светот има приближно 246 милиони деца на возраст од 5 до 17 години чиј труд се злоупотребува, а од нив околу 186 милиони се деца на возраст под 15 години, додека 110 милиони се деца под 12 години кои работат со полно работно време и во лоши работни услови.

Меѓународниот ден против злоупотребата на детскиот труд се одбележува со низа манифестации во околу 60 земји од светот. Некои од најголемите светски музичари се приклучија кон иницијатвата наречена Музиката против експлоатацијата на детскиот труд.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он