Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
На патниот правец Демир Капија – Удово завршени се градежните работи. Сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти во двата правци.
На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента. На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот. На регионалниот пат Кочани – Штип, поточно на делницата од с.Чардаклија до Штипска петља се изведуваат градежни работи, но нема застој на сообраќајот. Поради градежни работи на автопатот А-1 Гевгелија – ГП „Богородица“ кај с.Милци, има стеснување на брзите коловозни ленти и е изменет режимот на сообраќај.
Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).
Патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Од 01.06.2013 година започнат е сезонскиот режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната ќе важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година. Овој режим на сообраќај не се однесува на тешките товарни возила што превезуваат лесно расипливи стоки, медицински препарати и жива стока. Се молат сите учесници кои управуваат со тешки товарни возила да се придржуваат на поставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555 .