Борче Давитковски – претседател на комисијата за расчистување на настаните од 24 декември

Од:

Со задоволство истакнуваме дека е најдено решение за претседател на Комисијата која што ќе ги истражи настаните од 24-ти декември, соопшти вечерва СДСМ.

Како што велат од таму, се работи за проф. д-р. Борче Давитковски, актуелен декан на Правниот факултет при Универзитетот св.Кирил и Методиј.

„Особено радува фактот што компромисното решение подразбира избор на претседател кој што е домашен експерт и високо почитуван во професијата и во јавноста. Очекуваме Комисијата ефикасно да работи и брзо да излезе со свои заклучоци за спорните настани. Ова е основа за нормализирање на политичкиот дијалог во Македонија и нов поттик на евроинтегративниот процес за земјава“, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада