Гордон и го честиташе на Јахјага завршувањето на меѓународното набљудување на Косово

Од:

Американскиот помошник-државен секретар Филип Гордон пристигна денеска попладне во Приштина за лично да и го честита на косовската претседателка Атуфете Јахјага, решението за прекин на меѓународното набљудување на независноста на Косово.

Американскиот дипломат оцени дека одлуката на Меѓународната група за управување на Косово за прекин на набљудувањето од септември е резултат на значителниот напредок, кој Приштина го постигнала во четирите години од прогласувањето на независноста.

Гордон во Приштина пристигна од Белград, каде денеска разговараше со српскиот претседател Томислав Николиќ.

– Му пренесов на српскиот претседател дека САД силно го поддржуваат територијалниот суверенитет и интегритет на Косово и апелирав до Србија да ја прифати реалноста, дека постои суверено и демократско Косово, изјави Гордон на прес-конференција по средбата со Јахјага.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина