А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Србија почна пописот на македонските државјани

by А1он01/03/2021 - 13:4101/03/2021 - 13:42137
Share0

Во Србија денеска официјално почна првата фаза од пописот на македонските државјани со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните преставништва и нивните семејства и на македонската дијаспора.

Добивај вести на вибер

Во функција на информирање на државјаните на РСМ кои претстојуваат во Р. Србија за пописот на нерезидентното население, Амбасадата на РСМ во Белград издаде соопштение за превзедени повеќе активности, во кои се наведува за: информирање за пописот преку Националниот Совет на Македонското Национално Малцинство во Р. Србија; информирање преку Здруженијата на Македонци во Р. Србија; објава на социјалните мрежи (Фејсбук страна на амбасадата); телефонско информирање на заинтересирани граѓани кои бараат информација преку ДКП; директни контакти и средби со претставници на националниот совет, здруженијата и партиите; известување преку емисијата на македонски јазик на РТС („Виножито“) и повикот кој ќе биде објавен во емисиите на 07.03 и 14.03.2021 година; објава на пописот и во печатениот дневен весник „Панчевац“, кој се издава на територија на Јужен Банат и Белград со најголема концентрација на македонски државјани и објави на веб-порталите во Србија.

Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци кои ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики, кој е од особена важност и наша обврска како држава-кандидат за членство во ЕУ, оцени в.д. амбасадорот на РСМ во Белград, Александар Поповски.

-Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина. Пописот на нерезидентното население е доказ за грижата за нашите граѓани во Р. Србија, остварувајќи ја со тоа клучната цел – дијаспората да биде нераскинлив дел од матицата, рече в.д амбасадорот Поповски.

Со цел успешно одвивање на процесот на самопопишување, Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград ќе биде на располагање за какви било прашања на нашите државјани околу целиот процес, кој започна денеска и ќе трае до 21 април, соопштија од Амбасадата на РС Македонија во Белград.

popis

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

Горан Наумовски03/07/2025 - 18:25

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Горан Наумовски02/07/2025 - 14:18

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

Горан Наумовски02/07/2025 - 13:39

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Катерина Ѓуровски30/06/2025 - 12:28

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Горан Наумовски28/06/2025 - 13:46

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски29/10/2024 - 12:4629/10/2024 - 12:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен