Надал би можел до првото место до крајот на 2013

Од:

Шпанецот Рафаел Надал има големи шанси до крајот на оваа сезона да го преземе првото место на АТП листата од Новак Ѓоковиќ.

До крајот на сезоната брани само 45 бода од својот лански настап на Вимблдон. Потоа се повреди и до почетокот на 2013 година не играше на ниеден турнир.

Тоа значајно му ја олеснува работата на Надал кој не би требало да има проблем да ги надополни оние 4.935 бодови колку што во моментов има предност пред него Новак Ѓоковиќ.

До крајот на сезоната на тенисерите им се достапни околу 10.000 бода со тоа што Србинот ќе има тешка задача во вториот дел од сезоната затоа што ќе ги брани титулите во Канада, Пекинг, Шангај и последниот Мастерс во Лондон, како и добрите резултати на Вимблдон (полуфинале), УС Опен (финале) и Синсинати (финале).

Со тоа, Надал само со пласман во финалиња на преостанатите два Гренд-слема и четирите Мастерси плус завршниот во Лондон би имал околу 4.500 бода кои најверојатно ќе му бидат доволни за прво место на крајот од сезоната. За потсетување, од враќањето по седуммесечната пауза поради повредата, Надал играше во финале на секој турнир на кој настапи.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех