Вереницата на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги апелираше без одлагање да се казни саудискиот престолонаследник за убиството на новинарот.
– Тоа не само што ќе ја донесе правдата што ја баравме, туку може да спречи повторување на слични дела, рече Хатиџе Ченгиз.
Изјавата е издадена откако американската разузнавачка служба откри дека престолонаследникот Мохамед бин Салман го одобрил убиството на Кашоги.
Саудиска Арабија го отфрли тој извештај, јави Би-Би-Си.
Престолонаследникот Мохамед, кој всушност е владетел на кралството, негираше каква било улога во убиството.
Кашоги беше убиен за време на посетата на саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година, а неговото тело беше распарчено.