СДСМ: Економските мерки даваат резултати, просечната плата за три години пораснала за скоро 4.500 денари

Од:

„Економските политики кои во интерес на граѓаните ги реализира СДСМ и во време на пандемија и економска криза обезбедуваат континуиран раст на просечната плата во Република Северна Македонија.

Просечната плата во декември 2020 година изнесуваше 28.294 денари, што е за пет отсто повеќе во однос на декември 2019 година.

Просечната плата за три години, од декември 2017 до декември 2020 година, порасна за 18,63 отсто односно за речиси 4.500 денари од 23.850 на 29.294 денари“, велат СДСМ.

„Овој раст е три пати поголем во однос на периодот од 2014 со 2017 година, последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната плата пораснала за 6,44 отсто, односно за 1.443 денари.

СДСМ се грижи за граѓаните, веднаш по преземањето на мандатот ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари а потоа и на 14.500 и ја израмнивме во сите сектори.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат подобар животен стандард и брз економски раст, кои градат силна, стабилна и развојна економија“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени