Во Дагестан убиени тројца руски полицајци

Од:

Тројца руски полицајци и двајца терористи се убиени, а двајца цивили се ранети во денешниот инцидент во руската република Дагестан во кој кога напаѓачите отвориле оган врз полицијата.

Вооружените напаѓачи на возраст од 21 и 28 година, на лице место ги убиле тројцата полицајци, и раниле уште двајца случајни минувачи.

Останатите полицајци веднаш го убиле едниот од напаѓачите, а вториот е убиен додека се обидувал да избега од местото на злосторството, пренесоа француските медиуми.

Во одвоено соопштение на службата за безбедност се наведува дека во еден стан во најголемиот град во републиката, Махачкала, се откриени самоубиствени појаси наполнети со експлозив од домашна изработка. Во акцијата се уапсени две девојки, во чиј стан е пронајден експлозивот.

Регионот на Дагестан последните 20 години претставува непресушен извор на вооружен бунт и тероризам, а во судирите на младите муслимански фанатици и полицијата секоја година на двете страни страдаат стотици лица.

Би можело да ве интересира

Новите воени мапи откриваат масовна руска пенетрација на фронтот

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он