Годишно собрание на Тутунскиот комбинат

Од:

На денешното годишно Собрание на акционерите на Прилепскиот тутунски комбинат усвоен е извештајот за работењето на компанијата за 2012, одобрена работата на Одборот на директори, а прифатени се и годишните сметки и извештаи за 2012 година, соопшти Собранието на акционерите на Тутунскиот комбинат.

Со конверзијата на побарувањата на овој македонски загубар, државата стана мнозински акционер, односно сопственик на 79,49 насто од капиталот. Инаку основниот капитал на Комбинатот изнесува околу 127 милиони евра.

Собранието ги прифати предлозите на владата која е акционер за четворица нови членови на Одборот на директори, и тоа економистите Здравко Здравески од Скопје и м-р Христина Келеман од Скопје и правниците м-р Елена Зарковска од Скопје и Вера Димитриевска од Радовиш.

Комбинатот има загуба од 4, 2 милиона евра и според директорот Александар Дерменџиев таа загуба е за еден милион евра поголема од проектираната.

– Тоа најмногу се должи на намалениот пласман на цигарите. Инаку, делот за откуп и преработка на тутун работи успешно, вели Дерменџиев.

Сега со комплетиран Одбор на директори, правно комбинатот може да учествува во тендерот за стратегиски инвеститор.

– Не размислуваме за продажба на комбинатот, туку за стратегиско партнерство со инвеститор од кого ќе се побара бизнис план, објаснува Дерменџиев.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат забрана за увоз на тутун додека не се потроши домашниот

Ландов

Владата дозволи користење на електронските цигари во затворени простории

А1он

Голема акција за заплена на режан тутун по пазарите и складиштата

Во фирма во Струмица пронајдени 330 килограми режан тутун без бандерола

А1он