Над 300 луѓе обвинети за упадот во американскиот Конгрес

Од:

Министерството за правда на САД покрена постапка против повеќе од 300 лица за нападот на Конгресот на 6 јануари, додека најмалку 280 лица се уапсени, изјави денеска заменикот на вршителот на должност јавен обвинител Џон Карлин.

– Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат за стореното“, рече Карлин.

Неговите коментари доаѓаат само еден ден откако вршителот на должноста шеф на Капитол Јоганада Питман изјави пред конгресмените дека приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп можеби сакале да ја разнесат зградата на Конгресот.

Приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот на 6 јануари и ја демолираа во време кога се потврдуваа електорските гласови од претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“