Средба на Заев со германската амбасадорка Штајнакер

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари работна средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Гудрун Штајнакер.

На средбата, информира СДСМ, се разговарало за повеќе актуелни теми поврзани со економската состојба во државата и напредокот на земјата во евроинтеграцискиот процес.

Разговарајќи околу позициите на Македонија на претстојниот Самит на ЕУ и очекувањата од него, Заев акцентирал дека СДСМ очекува конечно приближување на земјата кон Унијата.

Во таа насока, посочил дека СДСМ ќе продолжи со позитивниот однос кон евроатланските интеграции на Македонија и ќе врши силен притисок врз Владата за спроведување на сите неопходни реформи за членство на земјата во ЕУ и НАТО.

Заев ја запознал амбасадорката Штајнакер со генералните планови на новото раководство на партијата и визијата во која насока треба да се движи СДСМ во иднина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски