Полицијата на Шпанија, Шведска и Франција уапси 30 лица во заедничка акција за разбивање криминална мрежа за шверц на наркотици меѓу Европа и Јужна Америка, јави ДПА.
Шпанската полиција соопшти дека во неколку земји е запленет имот во вредност од шест милиони евра. Истрагата е почната пред пет години.
Властите во акцијата заплениле кокаин, што на европскиот пазар би достигнал вредност од околу 468 милиони евра.
Криминалната група, исто така, создала и мрежа на компании за перење пари.
Операцијата организирана од Европол е почната во 2008 година со апсење на шведски граѓанин во Колимбија. Во 2010 година Франција во Карипското Море заплени брод со 1,4 тони кокаин.