А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Верскиот празник Спасовден влезе во општинскиот буџет

by А1он11/06/2013 - 14:3811/06/2013 - 14:58167
Share0

Со петдневна културна програма, која започна од синоќа во Народниот театар во Гевгелија, со изложби, хорски наспати, гостувања на странски Културно-уметнички друштва и ансамблот на Македонската филхармонија, Општина Гевгелија и годинава се вклучи во одбележувањето на Спасовден – заштитникот на градот.

Добивај вести на вибер

Ваквата вклученост на локалната самоуправа во одбележувањата на светиот верски празник започна скромно пред пет години, со традиционалната претпанаѓурска манифестација, дефиле на културно-уметнички друштва под името „Распеана чаршија“, што беше веќе постоен самостоен проект на Домот на културата од Гевгелија, а се претвори во културна понуда на Општината по повод Спасовден.

На овој ден низ минатото постарите генерации верници ги запоседнуваа конаците на црквата „Свети Спас“ во Гевгелија, каде што преспиваа за здравје и спасение. Неделава со петдневната културна програма, која ќе трае од 10 до 14 јуни, во која учество земаат и збратимените општини на Гевгелија, како и реализацијата на „Бизнис саемот“ ,кој е дел од проектот за меѓугранична соработка финансиран преку ИПА-програмата на Европската Унија, се додава друга димензија на општинските одбележувања.

Годинава за првпат одвоена е поголема сума средства за петдневното чествување на гевгелискиот светец-заштитник Свети Спас, во износ од 200.000 денари.

Минатата година Општина Гевгелија се појави и како финансиер во реконструкцијата на црквата „Св. Константин и Елена“ во Миравци со сума од 161.842 денари за изработка на нови врати и прозорци, заедно со уште 147.006 денари отстапени од локалниот буџет за малтерисување на внатрешни и надворешни ѕидови во црквата.

Деновиве, кога го гледаме дивеењето на верниците пред општина Центар во Скопје, во заштита на изградбата на црковниот храм со исто име „Св. Константин и Елена“, индикативна е улогата на властите на локално и централно ниво во самостојноста на религијата и црковниот живот.

gevgelija

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

Горан Наумовски04/06/2025 - 16:44

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Горан Наумовски29/05/2025 - 13:14

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он19/04/2025 - 13:20

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Горан Наумовски01/04/2025 - 19:13

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Горан Наумовски25/11/2024 - 21:38

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Горан Наумовски21/11/2024 - 19:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен