На патот кон калифорнискиот град Соном, 10 стари лица од кои повеќето на 90-годишна возраст, неповредени напуштиле автомобил во пламен, соопшти локалната власт.
Противпожарните служби биле повикани околу 11:35 по локално време во Валнут Крик, поради запален автомобил.
Пожарот набргу е локализиран, а жените успеале на време да го напуштат возилото, пренесе „Асошиејтед прес“.
Една од патничките Мери Чепмен изјави дека возачот на лимузината им рекол да излезат поради што таа и уште две најзини сопатнички им помогнале на останатите.
Тие се упатиле во Соном на прослава на 96 роденден на една пријателка.
Елена Георгиевска