Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека минатата година во Русија е забележана активност на повеќе од 400 агенти на странски тајни служби.
Тој на седницата на Одборот на Федералната служба за безбедност рече дека е важно и натаму да се подобри заштитата на доверливите податоци и да се спречи истекување на доверливи воени и податоци за најновите технологии и истражувања на истражувачки центри и компании, јави агенцијата ТАСС.
– Ако разбирате, заштитата е многу важна за нас, рече Путин.