Филипче нема информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за Ковид – 19 и дали контактирал со здравствените власти. Мијалков откако исчезна во неделата, вчера се појави со објаснување дека бил во самоизолација поради тоа што имал температура над 40 степени.

„Немам информации дали се тестирал и дали контактирал со Здравствениот инспекторат “, кусо одговори министерот Филипче.

На прашањето дали е можно по само три месеци некој повторно да се зарази со вирусот, како во случајот на Мијалков, министерот Филипче одговори дека болеста има многу непознаници и има многу специфични случаи, но науката се уште не дала одговор на тоа прашање.

Тој најави дека следната недела МАНУ ќе ги објави резултатите од анализите за присутните соеви на вирусот кај нас по зголемувањето на бројот на новозаболени поради непочитување на мерките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите