Во Ирак киднапирани 22 луѓе, седуммина веќе се ликвидирани

Од:

Припадници на Ал Каеда во Ирак киднапираа синоќа 22 луѓе во провинцијата Дијала, северно од Багдад.

Седуммина од киднапираните веќе се убиени. Останатите се однесени во непозната насока, јавуваат локални медиуми. Заложниците се од локално племе и биле киднапирани на лажен воен пункт.

Во Дијала денеска одново беше убиен лидер на огранок на Ал Каеда од страна на ирачките сили. Над 1.000 луѓе загинаа во напади во државата во минатиот месец. Над 80 луѓе загинаа во напади во Ирак во вчерашниот ден.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак