Шест Британци се осудени на околу 20 години затвор, поради подготвување на вооружен напад на собир на екстремната десница, минатата година.
Планот бил безуспешен бидејќи задоцниле на собирот на десничарската Англиска одбрамбена лига, а уапсени се случајно откако нивниот автомобил, со оружје, бомби од домашно производство е запленет поради проблеми со осигурувањето.
Обвинетите ја признаа вината за планирање напад на собирот на движењето, познато по антиимигрантските и антимуслимански ставови.
Елена Георгиевска