Германски бомбардер од Втората светска војна, кој бил соборен во округот Кент пред повеќе од 70 години за време на нападот врз Велика Британија, синиќа е изваден од каналот Ла Манш.
Се верува дека ова е последниот зачуван модел од познатиот германски бомбардер познат како „летечко пенкало“ поради тесниот труп на авионот. Авионот е извлечен од 15 метри длабочина од Гудвин сенд, во близина на југоисточното крајбрежје на Англија.
Експертите од музејот на британското Кралско воздухопловство (РАФ) се подготвуваа пет недели за извлекување на авионот од морското дно, за кого се верува дека е единствениот преживеан „Дорниер До 17“ од Втората светска војна.
Авионот е соборен за време на Битката за Британија во 1940 година и работите за негово извлекување се најголема операција од таков вид во британските територијални води, се наведува во соопштението на музејот на РАФ.