Австрија која изминатата недела беше погодена од поплави, повторно е соочена со ново невреме кое предизвика излевање на реки.
Поројните дождови ноќеска предизвикаа нови поплави. Во општината Холабрун во Долна Австрија, се излеа река, а центарот на местот Фелинг е под вода.
Ноќеска се поплавени и местата Пајгартен, Аугентал, Јецелдорф, Хаугсдорф и Алберндорг. Новите поплави предизвикани од поројни дождови се регистрирани во покраината Долна Австрија, Салцбург и Форарлберг.