Гардијан најавува нови информации за тајните програми на САД за прислушување

Од:

Ќе има нови „значителни откритија“ од документите, изјави Глен Гријноулд, новинар на Гардијан кој објави за тајните програми на САД за следење комуникации.

Тој во изјава за американски медиуми, наведе дека во следните неколку недели и месеци ќе има нови инфомации за таа тема. Гријнуолд додаде дека во моментот се разгледува кога да се објави следната сторија за базата на информации обезбедена од Едуард Сноуден (29), вработен во приватна компанија што работела за Владата на САД.

Американецот Едвард Сноуден, кој ги провали деталите за тајното надгледување и прислушување на телефоните и на интернет мрежата,од американските безбедносни служби,исчезна од хотелот во Хонг Конг каде престојуваше по бегството од САД.

Претставник на хотелот само изјави дека тој ги зел со себе сите свои лични работи и се одјавил. Лондонски „Тајмс“ претходно објави дека „претставник на хонгконшките власти го советувал Американецот да го напушти Хонг Конг. Бирото на дирекори на државното разузнавање на САД соопшти дека целиот случај е пријавен кај американското Министерство за правда,како „криминал“.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел