А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по претежно суви коловози

by А1он11/06/2013 - 07:50159
Share0

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по претежно суви коловози. Во клисурите и засеците можни се поситни одрони, особено на патните правци Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија -Удово и Катланово – Велес.

Добивај вести на вибер

На патниот правец Демир Капија – Удово завршени се градежните работи. Сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти во двата правци.

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента. На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот. На регионалниот пат Кочани-Штип, поточно на делницата од.с.Чардаклија до Штипска петља се изведуваат градежни работи, но нема застој на сообраќајот.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

Патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Од 01.06.2013 година започнат е сезонскиот режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната ќе важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година. Овој режим на сообраќај не се однесува на тешките товарни возила што превезуваат лесно расипливи стоки, медицински препарати и жива стока. Се молат сите учесници кои управуваат со тешки товарни возила да се придржуваат на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

patista

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on18/10/2023 - 12:00

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска16/06/2023 - 21:55

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска16/06/2023 - 21:46

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска16/06/2023 - 15:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен