Демолиран локал во Скопје, гости се мавале со маси и столици

Од:

Масовна тепачка со фрлање на маси, столици и инвентар, но и вознемирени гости кои панично го напуштале локалот затекнале пазарните инспектори вчера при обид за контрола на локалот „Трибека“. Целата драма се одвивала на само еден час пред целосно затворање на локалот.

Објектот бил демолиран, сведочи и Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат. Иако затекнале како толпа луѓе излегуваат од „Трибека“, инспекторите не можеле да констатираат дали имало прекршување на протоколите за заштита од коронавирусот.

„ДПИ како и секоја вечер така и вчера беше со тимови на терен низ цело Скопје и цела Македонија. Еден тим од Скопје кој го имаше реонот Центар со Карпош изврши обиколка на сите угостителски објекти меѓу кои беше и Трибека. Околу 20 часот при обид за да направиме контрола во објектот инспекторите беа соочени со толпа на народ кој масовно излегуваше од објектот. Истите беа видно вознемирени бидејќи нешто се случило во тој момент. Тогаш и ние дознавме дека се случила тепачка, објектот бил демолиран“, вели Александра Котели од ДПИ.

Од МВР потврдуваат дека имало масовна тепачка во локалот, а детали најавуваат за подоцна.

Би можело да ве интересира

Пазарен инспектор од Струмица земал мито, во притвор е

Катерина Ѓуровски

ДПИ за една недела извршил над 600 надзори и издал 110 прекршочни налози

Ана Ололовска

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска