Крис Пол шести асистент во историјата на НБА

Од:

Кошаркарот на Феникс, Крис Пол се искачи на шестото место по број на асистенции во историјата на НБА.

Триесет и петгодишниот Пол ноќеска на натпревар од регуларниот дел од сезоната против Мемфис (128:97), имаше шест асистенции по што го престигна Оскар Робертсон (9.887 асистенции).

Сега Пол има вкупно 9.891 асистенции во кариерата.

Лидер на листата во оваа статистичка категорија е поранешниот плејмејкер на Јута, Џон Стоктон со 15.806.

Пред Пол уште се и: Џејсон Кид (12.091 асистенција), Стив Неш (10.335), Марк Џексон (10.334) и Меџик Џонсон (10.141).

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on