„Верковиќевиот апостол“ – книга со анализа на ракопис од 14 век со македонски-црковнословенски дијалект

Од:

Пред тетовската публика првпат беше претставена книгата „Верковиќевиот апостол“ од доцент д-р Михајло Марковиќ и проф д-р Соња Новотни од Универзитетот во Тетово која е излезена од печат во 2019 година. Станува збор за значајно дело кое обработува ракопис од 14 век на монашки писец, за кој двајцата автори прават анализа на правописно-фонолошките особености. Презентацијата на книгата беше извршена вчера по повод 21 февруари -Интернационален ден на мајчиниот јазик.

-„Верковиќевиот апостол“ се издвојува како македонскиот ракопис, односно ракопис со македонска-црковнословенска редакција. Освен тоа ќе ги издвоиме особеностите кои ги има „Верковиќевиот апостол“ бидејќи се работи за ракопис од 14 век, апостол кој е пишуван на определна дијалектна норма на македонски јазик. Што значи јасно се одразува македонската-црковнословенска варијанта низ целиот ракопис. Односно елементите кои покажуваат дијалектна особеност коишто и денес може да се сретне во средината на македонската дијалектна почва, изјави авторот Михајло Марковиќ.

Ракописот е наречен по Стефан Верковиќ за кого се смета дека го зел и го однел од Македонија во Русија.

-Професорката Соња Новотни го наоѓа ракописот во Русија, во библиотеката „Салтиков-Счедрин“ во Санкт Петербург. Таму зема факсимили и тоа е нејзина магистерска теза, одбранета 1994 година. Пред две години Министерството за култура го одобрува за печат и ние го доработуваме и вршиме анализа на правописно-фонолошките особености. Овој ракопис има и дел „Згоштов апостол-расчитан текст и орнаментика“. Но во нашата книга се задржуваме исклучиво за правописно-фонолошки особености, потенцира Марковиќ.

Дел од настанот беше и предавањето на професорката по македонски јазик Ружа Ѓорѓеска посветено на Блаже Конески.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска