Анализа: Европејците повеќе штедат во време на пандемијата

Од:

Европејците трошат помалку и штедат повеќе за време на пандемијата на коронавирусот, покажува студијата на Deposit Solutions, финансиска фирма со седиште во Хамбург.

Лани на тековните и штедните сметки во еврозоната пристигнало салдо од 585 милијарди евра, се вели во анализата на компанијата.

Обемот на заштеди во еврозоната се зголеми за 48 проценти во споредба со 2019 година, кога изнесуваше 395 милијарди евра. Од таа сума, дури 150 милијарди евра им припаѓаат на германските штедачи, покажува истражувањето во кое е нагласено дека има трајно ниски каматни стапки на банкарските депозити.

Во Германија, заштедите се зголемија за 37 проценти од претходната година, повеќе отколку во Италија (32 проценти), но помалку отколку во Франција (72 проценти) и Шпанија (38 проценти).

Во Велика Британија, која беше анализирана одделно од еврозоната, заштедите пораснаа за 170 проценти.

Би можело да ве интересира

Путин: Верувам дека Русија и Европа еден ден ќе ги обноват односите

Калас: Европа подготвува план Б ако Трамп се повлече

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина