Директорот на Службата за итна медицинска помош во Сараево, Адем Залихиќ, ги предупреди граѓаните за огромен скок на бројот на новоинфицирани со Ковид-19.
Тој на својот Фејсбук профил објави дека епидемиолошката состојба во Сараевскиот кантон се влошува и дека потврда за тоа е огромниот скок на бројот на новоинфицирани во изминатите 24 часа, што изнесува 246.
„Апелирам на свеста и совеста на сите граѓани да бидат одговорни во спроведувањето на пропишаните мерки, првенствено заштитната маска, дистанца и масовните собири, особено во затворен простор“, истакна Залихиќ, пренесува Ослобоѓење.