Иран го разгледува предлогот на ЕУ да се одржи неформален состанок на сегашните страни во нуклеарниот договор и САД, но се уште нема одговор, јави ДПА, повикувајќи се на изјава на заменик министерот за надворешни работи Абас Арагчи.
– Го разгледуваме предлогот на Жозеп Борел за неформална средба од 4+1 со САД и Иран, изјави Арагчи во интервју за државната телевизија.
Заменик министерот истакна дека, според Техеран, „не е неопходен состанок САД да се вратат на нуклеарниот договор, единствениот начин да се направи тоа е укинување на санкциите“.