Еден ирански борец за правата на човекот денеска се „затвори“ на 100 часа, во знак на протест поради состојбата со човековите права во неговата земја.
За време на своето „заложништво“ во близина на музејскиот кварт во Виена, активистот Шахрам Гударзи ќе ги информира минувачите за состојбата во Иран.
Истовремено, Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешанал“ најави дека на 14 јуни, на денот на изборот на нов претседател на Иран, ќе организира „акција за ослободување“ на Гударзи.
Со оваа акција АИ планира да укаже на слободата на говорот, смртната казна, злоставувањето и другите проблеми во Иран, како и на правата на жените.