Лагард: Најголем страв не е дека ЕУ ќе има многу долгови, туку дека владите можат „брутално“ да ги прекинат стимулативните мерки

Од:

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, нагласи дека нејзиниот најголем страв не е дека Европската унија ќе има многу долгови, туку дека владите можат „брутално“ да ги прекинат стимулативните мерки.

Според неа, таквите програми мора „постепено“ и внимателно да се релаксираат.

– Ова е најтешкиот, најсуптилниот момент кога треба да се направат проценки, изјави Лагард во интервју за Си-Ен-Ен.

Владите издвоија милијарди долари помош во текот на изминатата година за да го ублажат економскиот шок предизвикан од пандемијата, со поддршка на централните банки, како што е ЕЦБ.

Европските лидери исто така одобрија пакет за економско закрепнување од 1,8 милијарди евра и буџет за помош во зајакнувањето на економиите на ЕУ кога ќе помине кризата, според американската телевизиска мрежа.

Лагард, сепак нагласува дека дури и кога економијата почнува да се подобрува и закрепнува, политичарите не треба да ја повлекуваат поддршката прерано.

Во својата најнова прогноза, објавена во декември, ЕЦБ најави дека европската економија ќе порасне за 3,9 проценти во 2021 година, а производството ќе достигне нивоа пред пандемија до средината на 2022 година.

Лагард истакна дека таквите прогнози во голема мера зависат од вакцинацијата, која има бавен почеток во Европската унија.

Би можело да ве интересира

ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната

Ана Ололовска

ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас

Ана Ололовска

Лагард: Дигиталното евро ќе биде дополнување на евро банкнотите, а не замена

А1он

Глобалните инвеститори купуваат американски долари, јени и швајцарски франци

А1он

ЕЦБ: Можно е банките да бидат цел на руски кибер напад

Ана Ололовска

Анкета на Европската централна банка: Експертите ја зголемуваат проценката за инфлацијата во еврозоната во 2022 година

А1он