Американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо во вторник ќе го одржат својот прв билатерален состанок, што ќе се одржи во виртуелен формат, соопштија од Белата куќа.
Трудо е првиот странски лидер, кој на Бајден му се јави по телефон само два дена по стапувањето на должноста претседател.
На претстојниот состанок, двајцата лидери ќе разговараат за нивните заеднички напори за справување со пандемијата и за борбата против климатските промени.