Франција нуди спонзорства за откупување на роман, заради утврдување на неговиот статус како национално богатство

Од:

Француското Министерство за култура испрати повик до компаниите во земјата за спонзорство – да го oткупат познатиот ракопис на романот „120 дена Содома“ од писателот Маркиз де Сад, заради утврдување на неговиот статус како национално богатство. Записот вреди 4,55 милиони евра.

Ракописот е во облик на ролна долга 12 метри. Де Сад го напишал еротско-садистичкото дело 1785 година, на 45-годишна возраст, додека бил во затворот во Бастиља поради низа обвиненија.

Министерството за култура, во покана објавена во Службениот весник, бара спонзорство од компаниите за стекнување на тоа „национално богатство“.

Оние компании кои ќе се пријават, ќе добијат намалување на даноците.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска