Викендов се одржува петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“

Од:

Викендов на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“.

Љубителите на овој спорт ќе имаат можност да гледаат настапи на 55 натпреварувачи, поделени во вкупно 10 категории, од кои осум во женска и две во машка конкуренција.

И покрај пандемијата со Ковид-19, на настанот ќе има и гости од Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.

„Skopje on Ice 2001“ започнува денеска во 19 часот со настап на четири категории, две натпреварувачки и две интерпретативни. Настанот продолжува утре во 8 часот со останатите шест категории.

Своите вештини на мразот натпреварувачите ќе ги презентираат во категориите кои се признати од Меѓународната лизгачка федерација (ISU) и во кои се бираат државни прваци.

Настанот ќе се одржува на отворено и во согласност со сите протоколи за заштита од корона вирусот.

Влезот на двата натпреварувачки дена е слободен.

Би можело да ве интересира

Фонтана го одбрани златото од Пјонгчанг

А1он

Германката Пехштајн влегува во историјата

А1он

Лизгалиштето во Кавадарци ставено во функција

Ана Ололовска

Во Струмица е поставено лизгалиште

Ана Ололовска

Во среда се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Уметност на мраз на Skopje on Ice 2018

Ана Ололовска