453 здравствени работници вакцинирани за два дена

Од:

Министерството за здравство информира дека 453 здравствени работници кои работат во ковид центрите се вакцинирале во изминатите два дена. Имунизацијата на медицинските работници се одвива непречено и со полн капацитет во модуларната болница на КИБФС во Скопје, каде се поставени 6 вакцинални позиции, се работи во две смени од 8 часот наутро до 20 часот, од понеделник до сабота.

Во тек е првата фаза од имунизација во нашата земја, а во меѓувреме тече пријавувањето на веб страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 годишна возраст за кои вакцинацијата започнува веднаш после здравствените работници опфатени во правта фаза. Досега на веб страницата 58.500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70 годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Во Тетово со Ковид-19 се заразени цели семејства, има случаи на заболени и по вторпат

Катерина Ѓуровски

Шахпаска: Се повеќе деца се враќат во градинките, состојбата е стабилна