Ештон повикува на „воздржаност“ во Турција

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска прекуспецијално соопштение повика на „воздржаност и трпение“ и на трезвени глави во Турција, каде веќе две недели се одржуваат антивладини протести.

Изјавата од Брисел доаѓа по првите судири меѓу приврзаниците на Владата и демонстрантите. Независни аналитичари стравуваат од заострување на вкупната ситуација, откако водството на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) ги повика своите приврзаници на митинзи да му изразуваат поддршка на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и на неговата политика.

Зборувајќи пред приврзаници на својата АКП, Ердоган ги навредуваше демонстрантите, нарекувајќи ги крадци и вандали. Тој порача дека неговата Влада се уште има трпение, но се закани дека неговото трпение, како и на Владата „имаат граница“.

Неговата изјава која странските медиуми ја опишуваат како „арогантна“ и како знак дека турскиот премиер станува нервозен.

По изјавата на Ердоган и предупредувањето дека тој би можел да го загуби трпението, предизвика обратна реакција меѓу демонстрантите кои во уште поголем број се собраа на истанбулскиот плоштад Таксим, додека во Анкара дојде до уште пожестоки судири со полициските сили, кои употребија солзавец и водени топови.

Демонстрациите започнаа на 28 мај, како еколошки протест против решението да се урни паркот Гези, за да се градат трговски центар и џамија и да се обнови една стара касарна од времето на Османлиската империја.

Набргу потоа протестите се проширија низ цела Турција, во кои демонстрантите бараат повеке демократија, прекинување со „апсолутистичкото“ управување на Ердоган и со воспоставувањето исламистички вредности во општеството, како и негова оставка. Официјално, од почетокот на демонстрациите четири лица ги загубија животите, а неколку илјади се полесно и потешко повредени.

Полицијата продолжува со апсење на сите оние кои комуницираат на Твитер, обвинувајќи ги за „ширење лажни информации“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп