Американецот Едвард Сноудан, кој пред медиумите откри постоење на тајна владина програма за следење на комуникациите и избега во Хонг Конг, не може од таму да поднесе барање за азил во Исланд, изјави исландскиот амбасадор во Кина, Кристин Арнадотир.
Арнадотир потврди дека такви барања можат да се поднесат единствено во Исланд.
Амбасадорот одби да ја коментира желбата на Сноудан да се пресели на оваа островска држава, која 29-годишниот поранешен службеник на ЦИА ја изрази денеска во интервјуза британскиот весник „Гардијан“.