Холандскиот тенисер Јаник Ебингхаус е суспендиран на шест месеци, поради обложување и е казнет со 10.000 долари.
Меѓународната тениска федерација соопшти дека 23-годишниот Ебингхаус призна 67 прекршоци во периодот од мај 2012 до февруари 2013 година. Тој во моментов е на 1.158 место на АТП листата.
ИТФ наведе дека на Ебингхаус ќе му изрече три месечна условна, од вкупната казна, доколку не го прекрши правилникот за обложување и не го посетува антикорупциски курс.
Елена Георгиевска