Сарачини се сретна со Стефан Плавјански, регионален генерален менаџер на Мајкрософт

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска се сретна со генералниот менаџер на Мајкрософт во регионот,  Стефан Плавјанскии и со Влора Адеми, одговорна за образование.

На средбата, информираат од Министерството за економија, беше истакнато дека ИТ секторот во Македонија не е во најдобра кондиција поради фактот што кризата во регионот не го заобиколи и овој сегмент.

– Од страната на Плавјански беа презентирани проекти во рамиките на кои може да произлезе соработка со Министерството за економија, се со цел преку обуките и проефесионалниот развој, на некој начин да може да се креира ИТ атмосфера во Република Македонија. Стана збор и за тоа како технологијата да стане составен дел од секојдневието, соопшти Министерството за економија.

Одговорната за образование Адеми предложи конкретна соработка во склоп на програмата ИТ Академија каде ќе се разгледат можноста за организирање на обуки за невработените студенти и ученици, една комплетна образовна програма која ги поврзува студентите, наставниците, работодавците и локалните заедници преку модел на доживотно учење и развој на вештини на врвната техноголија.

Особено, се посочува во соопштението, ќе се разгледат можностите за учениците кои не одлучиле да го продолжат своето стручно образование, како преку нив, ќе можат да се здобијат со светски признати сертификати, кои би имале големо значење при нивното вработување, со претходно подготвен акциски план и можност за организирање на обуките во летниот период.

Програмата е развиена за да го премости јазот помеѓу образованието и реалниот свет со сеопфатен професионален развој и ресурси особено во ИТ вештини кои им се потребни за успешна кариера особено во денешно време каде ИТ секторот е главниот столб на пазарот на трудот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница