Јапонија почна со имунизација против Ковид-19, први се здравствените работници

Од:

Во Јапонија почна кампања за масовна имунизација, а здравствените работници први се вакцинираат со вакцината на Фајзер.

Првата доза ја примија околу 40.000 лекари и медицински сестри од 100 избрани болници низ целата држава, а втората доза се планира за10 март. Половина од нив ќе учествуваат во здравствените истражувања што ќе траат седум недели.

Вакцинацијата на останатите 3,7 милиони здравствени работници ќе почне во март, по што ќе следи вакцинација на 36 милиони граѓани над 65 години во април.

Генералниот секретар на јапонската Влада Кацунобу Като вчера соопшти дека лекарите во Јапонија ќе треба да фрлат дел од вакцините против коронавирусот, произведени од американската фармацевтска компанија Фајзер, поради недостиг на доволен број специјални шприцеви.

– Не е лесно да се купи точна количина на овие специјални шприцеви, нема толку многу во светот, објасни тој, додавајќи дека Токио во моментов преговара со неколку производители.

Секоја вијала од вакцината на фајзер содржи количина за шест инјекции, но само специјални шприцеви можат да ја извадат целосно. Употребата на обични шприцеви овозможува употреба на само пет дози од вакцината.

– Останатиот дел од содржината на ампулите ќе треба да се фрли, призна генералниот секретар на кабинетот.

Поради тоа, со веќе нарачаната серија вакцини од Фајзер ќе можат да се вакцинираат околу 60 милиони луѓе, наместо првично планираните 72 милиони.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он